четврток, 13. август 2020. Вести денес: 155
home Вести

Мицкоски : Има само еден човек во земјава кој со леснотија и радост го збори новото име на земјата, тоа е Зоран Заев

Мицкоски : Има само еден човек во земјава кој со леснотија и радост го збори новото име на земјата, тоа е Зоран Заев

„Има само еден човек кој што со леснотија ја користи оваа придавка. На сите други им е тешко да ја користат таа придавка. И тој човек со име и со презиме се вика Зоран Заев“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во емисијата „360 степени“.

Мицкоски додаде дека граѓаните поради склучување на овој капитулантски договор се чувствуваат обесправени и предадени. Зоран Заев буквално го предаде македонскиот народ, македонскиот идентитет.

„Јас не сакам во ниту еден момент да си ја потценам својата земја, за мене мојата земја се нарекува и ќе се нарекува Република Македонија“, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека Заев со еден договор не може да ги натера граѓаните да не си ја нарекуваат својата земја Република Македонија.

Коронавирус