четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

Мицкоски: Има непринципиелна коалиција на 7-те пратеници кои гласаа за уставните измени со Зоран Заев

Мицкоски: Има непринципиелна коалиција на 7-те пратеници кои гласаа за уставните измени со Зоран Заев

Оваа непринципиелна коалиција на овие 7-мина, 8-мина со Зоран Заев претпоставувам ќе креира во рамките на таа група парламентарна која што ја најавуваат определен документ. Доколку тој документ кој што тие ќе го креираат и ќе го наречат помирување, навистина дава одговор на сите случаи кои што се подложни на политички прогон, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија во рамките на Собранието, истиот ќе го подржи, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М.

Тој уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува во комисијата за помирување бидејќи смета дека 7-те пратеници кои се исклучени од партијата се уценети за да учествуваат во оваа комисија со акција која граѓаните ќе ја дознаат за месец ипол до два од сега.

-Има две причини поради која не учествуваме. Едната сме ја кажале и во минатото, а е поврзана со претседавачот на таа комисија, а втората е бидејќи јавноста знае и ВМРО-ДПМНЕ знае дека работата на таа комисија е уценета со една друга акција која треба да следи за месец ипол до два од сега, додава Мицкоски.

Коронавирус