среда, 12. мај 2021. Вести денес: 10
home Вести

Мицкоски: Идентитетското прашање е стекнато право и за него не треба да се разговара

Мицкоски: Идентитетското прашање е стекнато право и за него не треба да се разговара

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата Ѕид на телевизија Алфа истакна дека идентитетското прашање е стекнато право и за него не треба да се разговара.  Мицкоски вели дека македонскиот идентитет е запишан во личната карта на Република Македонија во Обединетите нации. Во неа се содржат идентитетските карактеристики и специфики како јазик, националност, двобуквен и тробуквен код забележа тој.

-На јавноста треба да и е јасно дека идентитетското прашање е стекнато право во личната карта за Република Македонија во Обединетите Нации, идентитетските карактеристики и специфики како јазик, националност потоа двобуквен код, тробуквен код се дефинирани и тоа е стекнато право. Не знам кој би можел да го гарантира или не го гарантира и не знам зошто тие би биле дел од евентуални преговори. Нашиот двобуквен код е МК, нашиот тробуквен код е МКД, нашиот јазик е македонски и ние сме граѓани како што стои таму граѓани на ПЈРМ/Македонци односно Macedonian. Тоа го пишува на шест светски јазици. Тоа е стекнато право и тука апсолутно нема што ние да навлегуваме во суштината на истото, вели Мицкоски.

Меѓу другото Мицкоски уште еднаш ја потврди црвената линија за ВМРО-ДПМНЕ  која покрај промена на идентитетот е неприфатлива за најголемата опозициска партија. Тој констатираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на државата.

Коронавирус