четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 142
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Мицкоски и УМС присуствуваа на литургијата по повод тргнувањето на охридската пешадија

Мицкоски и УМС присуствуваа на литургијата по повод тргнувањето на охридската пешадија

(ФБ статус на Лука Кржалоски- претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ)

Денес во Црквата “Св. Троица” во Охрид, заедно со Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членови на ИК на #УМС, присуствувавме на литургијата која се одржува по повод тргнувањето на охридската пешадија, дел од манифестацијата “Илинденски Марш”.

Од Охрид, храбрите Македонци тргнуваат и токму за празникот Илинден ќе пристигнат на Мечкин Камен во Крушево, каде што ќе се приклучат на прославата посветена на овој голем историски ден за нашата Татковина.

115 години подоцна, сплотени охриѓани преку традицијата порачуваат дека нема ништо поголемо и посвето од љубовта кон Татковината, нејзиното име, нејзината традиција, обичаи и од овој прекрасен македонски народ.

Ние потомците на славните Илинденци денес имаме нова задача: Македонија да биде слободна земја, економски силна и просперитетна за сите нејзини граѓани.

Македонија е нашата мисла и водилка, нејзината добросостојба е наша цел.

Да живее Македонија, да ни е вечна и вековита!

Најнови вести

Коронавирус