четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со челни луѓе од германскаа економија, размена на идеи за економската програма на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски на средба со челни луѓе од германскаа економија, размена на идеи за економската програма на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет, Трајко Славески, продолжуваат со посетата на Берлин, Сојузна Република Германија и учество на програмската конференција организирана од Конрад Аденауер Штифтунг и владеачката партија ЦДУ, соопштија од партијата.

-Во текот на денешниот ден Мицкоски и Славески учествуваа на конференцијата организирана од економскиот совет на ЦДУ и фондацијата Конрад  каде се разговараше за економските потенцијали за развој, европските интеграции и развојот на Европа и регионот на Западниот Балкан. Конференцијата ја водеше Астрид Хамкер, претседателка на економскиот совет на ЦДУ, а говореа и д-р Волфганг Шојбле, претседател на германскиот Бундестаг и поранешен министер за финансии на Германија, Роланд Кох министер претседател на германската покраина Хесе и претседател на надзорниот одбор на UBS Europe, Мамфред Вебер шеф на парламентарната група на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент и Ралф Хамерс  извршен директор на ING Group. Присуството на Конференцијата и билатералните средби со учесниците од неа, претседателот Мицкоски ги искористи за преставување на идеите од економската програма на ВМРО-ДПМНЕ која е во фаза на изработка, дискутирање за германското искуство во реализацијата на различните идеи и проекти, и отворање на канали за соработка со преставниците на германската економија. Воедно средбите беа корисни и законтакти за потенцијални германски инвеститори кои би препознале во блиска иднина потенцијал за соработка со Република Македонија, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека разговорите Мицкоси ги искористи за размена на мислења со едни од главните двигатели на германската економија, исклучително корисни во креирањето на економската програма на ВМРО-ДПМНЕ, развојот на политичките односи и давање на сеопфатна понуда пред граѓаните на Македонија користејќи ги најдобрите практики на германската економија и општество.

-Ваквите средби продолжуваат и во втората половина од денот каде Христијан Мицкоски и Трајко Славески ќе учествуваат на тркалезната маса посветена на сратегиите и развојот на земјите во транзиција, каде свое обраќање ќе имаат и Фредерих Мерц извршен директор на Black Rock за Германија, Џо Каесер Извршен Директор на Сименс, а ќе учествуваат и на панел дискусијата каде ќе се разговара за рамката за стабилизација на Европа каде ќе се обратат Питер Алтмаер федерален министер за економија и буџет и Гутхер Отингер Европски комесар за буџет и човечки ресурси. Во текот на денот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во германското МНР оствари средба со Христијан Хелбах специјален претставник за Југоисточна Европа на германското министерство за надворешни работи, истакнаа од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додадое дека на средбата се разговараше за политичко економската ситуација и за европските интеграции на земјава.Претседателот Мицкоски го повтори својот став дека граѓаните не заслужуваат да бидат казнети поради неисполнувањето на реформите, корупцијата и криминалот стимулирани од Владата, и во насока на зацврстување на европската иднина на земјава потребно е да се додели датум за преговори. Тој посочи дека државата и граѓаните не смеат да бидат заложници на штетните политики на премиерот Заев и неговата Влада.