понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ утре на низа средби со граѓани

Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ утре на низа средби со граѓани

Во текот на утрешниот ден, 10.07.2020 година, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Македонска Каменица во 15:30 часот. Во општина Пехчево во 17:00 часот, во општина Берово 18:30 часот, општина Делчево 20:30 часот.

– Носител на ИЕ1, Гордана Силјаноска Давкова  ќе оствари средба со здравствените работници локација Јавна соба во 14:30 часот.

-Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски, ќе даде изјава за медиуми во 13:30 часот, населено место Бедиње Куманово.

-Носител на ИЕ3, Игор Јанушев, ќе даде изјава за медиуми во 13:00 часот во општина Зелениково. Ќе оствари средба со жителите на Македонска Каменица во 15:30 часот. Во општина Пехчево во 17:00 часот, во општина Берово 18:30 часот, општина Делчево 20:30 часот.

 

Коронавирус