вторник, 4. август 2020. Вести денес: 87
home Вести

Мицкоски и носителите на листи: Ќе работиме со двојно повеќе сили за да ги средиме состојбите, да обезбедиме обнова во секоја света во општеството

Мицкоски и носителите на листи: Ќе работиме со двојно повеќе сили за да ги средиме состојбите, да обезбедиме обнова во секоја света во општеството

Математично прецизно ќе стигнеме до целта, развиена држава со луѓе кои имаат повеќе можности, повисок стандард и повеќе пари. Започнуваме со намалување на рамниот данок на 8 проценти. Така бизнисите ќе имаат повеќе пари, ќе може да вработат повеќе луѓе, а на вработените да има даваат повисоки плати и буџетот ќе се полни повеќе, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Кога буџетот ќе биде полн ќе има повеќе пари за изградба на патишта, болници, школи, гасоводи. Па така градежништвото ќе расте континуирано со стапка од 30 проценти, а тоа ќе придонесе за 30% раст на уште 30 индустриски гранки кои се поврзнаи со градежништвото, истакна носителот на листа во ИЕ 2, Мисајловски.

-Гасоводите кои ќе ги изградиме ќе пбезбедат многу поевтина енергија во секој дом што значи многу помали трошоци исто како што ќе ги намалиме трошоците за обнова на фасадите, за новите прозорци и сончеви колектори, истакна носителот на листа во ИЕ 4, Николоски.

-Таќа семејствата ќе имаат повеќе пари за себе и ќе бидат задоволни од сериозно подобрување на квалитетот на воздухот и на целиот еко-систем, истакна носителот на листа во ИЕ 6, Стојаноска.

Мицкоски посочи дека со инвестициите од 4 милијарди евра, Македонија ќе прерасне во технолошки центар на Балканот, а ќе се отворат и нови добро платени работни места, невработеноста ќе биде едноцифрена, а младите ќе се вработуваат без да плаќаат данок.

-Така младите ќе ја градат иднината во татковината, затоа што ќе имаат вработувања и можност да создаваат среќно семејство. Секој град ќе биде микро-центар на развиена економија, истакна носителот на листа во ИЕ 5, Игор Дурловски.

-Буџетот дополнително ќе се полни со намалување до искоренување на криминалот и корупцијата. Така ќе останат најмалку половина милијарда евра повеќе годишно за зголемување на пензиите за 20%  и платите за 25%, истакна носителот на листа во ИЕ 1, Гордана  Силјановска.

-И земјоделците ќе бидат задоволни ќе произведуваат поквалитетна храна за која ќе се погрижиме да им биде откупена по цена која ќе им обезбеди заслужен профит, а субвенциите ќе ги добиваат редовно до 5-ти во месецот, истакна носителот на листа во ИЕ 3, Игор Јанушев.

Коронавирус