понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 82
home Вести

Мицкоски и носителите на изборните листи на средби со граѓани во повеќе места

Мицкоски и носителите на изборните листи на средби со граѓани во повеќе места

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и носителите на листи на партијата ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во 12:00 часот ќе оствари кафе средба со млади во клуб „Калипсо“, Прилеп. Во 12:45 часот ќе го посети штандот на ВМРО-ДПМНЕ во паркот на Револуцијата, предвидена е изјава за медиуми во 13:15 часот. Во 13:20 часот ќе оствари средба со просветни работници во Амфитеатар на Могилата на непобедените.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Кривогаштани 17:00, општина Крушево во 18:30 часот, општина Прилеп 20:30 часот.

– Носител на ИЕ1, Гордана Силјаноска Давкова во 12:30 часот ќе даде изјава при отворање на регионален штаб, Корнер на Партизанска.

Во 19:00 часот превидена е трибина „Квалитетно и модерно образование за иднината на Македонија“, во Парк на светлината

-Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски, во 12:30 часот пред Поликлиника Чаир ќе даде изјава за медиуми.

-Носител на ИЕ3, Игор Јанушев, ќе ја посети општина Зрновци, во 10:30 часот предвидена е изјава за медиуми кај црква Св. Димитрија.

Ќе ја посети општина Виница, во 18:00 часот предвидена е изјава кај паркот во центар.

Ќе оствари средба со граѓани во Месен Комитет Јакимово и ќе има свое обраќање во 19:00 часот.

Ќе оствари средба со граѓани во Месен Комитет Истибањи и ќе има свое обраќање во 19:30 часот.

Носител на ИЕ 4, Александар Николоски во 13:15 ќе даде изјава во паркот на Револуцијата, Прилеп.

Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска во Теарце, с. Варвара ќе ја посети црквата и во 10:30 часот е предвидено е изјава за медиуми.

Коронавирус