недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Вести

Мицкоски: И Јовевски е еден од оние кои одлучија да му слугуваат на Заев

Мицкоски: И Јовевски е еден од оние кои одлучија да му слугуваат на Заев

Во интервју за пораталот „Макфакс“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека владечаката СДСМ во моментов нема интерес од постигнување на договор за Законот за обвинителство. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ власта го гледа обвинителството како алатка за притисок врз политички неистомисленици, додека опозицијата се залага за почитување на законите и Уставот.

-Ние во моментот имаме ситуација каде што владата односно СДСМ апсолутно не сака да има договор по тоа прашање. Нашиот став е почитување на закон и устав нивниот став е како да добиеме уште една алатка како да правиме притисок врз политичките неистомисленици во случајот ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, вели Мицкоски.

За него доказ дека власта не ги почитува законите и Уставот е писмото на Катица Јанева од притвор со кое се случи незаконскиот пренос на предметите од СЈО во Јавното обвинителство. Мицоски потенцираше дека Љубомир Јовевски му слугува на Зоран Заев бидејќи сите свои одлуки ги носи во дослух со власта.

-Ако тие ги почитуваа законите и Уставот тогаш немаше да ни се случи она писмо на притвореничката, немаше да ни се случи начинот на комплетно незаконски пренос на случаите на Специјалното Јавно Обвинителство во Јавното Обвинителство, се сеќавате, тоа што тие, на начин кој што тие незаконски го направија, го предлагав уште во Јуни месец, тогаш бев одбиен брутелно од страна на Јовевски и беше тоа прокоментирано како нерационално, недоходовно или не знам уште што, е сега прашањето е два месеци потоа, што влијаеше да се смени ставот на Јовевски, дали можеби онаа средба со адвокатот на Зоран Заев и убедувањето, практично отварањето на хоризонтите, или пак и тој е еден од оние кои што одличија да му слугуваат на Зоран Заев и СДСМ, додада тој.