среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 145
home Вести

Мицкоски: Граѓаните силно ги чувствуваат црнилата од владеењето на СДСМ и Заев

Мицкоски: Граѓаните силно ги чувствуваат црнилата од владеењето на СДСМ и Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Мицкоски посочи дека и жителите на Кавадарци како и сите граѓани на Република Македонија силно ги чувствуваат црнилата на владеењето на СДСМ и Зоран Заев.

Тој потенцираше дека последиците од тие црнила се чувствуваат и во економијата, каде убедливо сме заковани на дното во Европа, и сме единствена земја во Централна и Југоисточна Европа со негативен биланс на странски инвестиции за што потврда дојде и од НБРМ која потврди дека во третиот квартал имаме одлив на странски инвестиции.

Мицкоски се осврна и на земјоделието истакнувајќи ситуацијата е алармантна, а Владата нема никаква понуда и политика ниту пак има трајно решение кое што на подолг рок  ќе обезбеди пласман за родот на земјоделците.

– Не така далеку во кампањата на плоштадите ширум Македонија велеа сигурен пласман за земјоделските производи ние ќе обезбедиме, нема да остане ниту парче земјоделски производ непродаден, ние сме тие кои што ќе ги обезбедиме, за да сега по две години откако се во Владата, и се укотвија во меките фотелји, по истите тие плоштади шетаат со подведена глава и велат велат не може да обезбедиме криза е, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  истакна дека цената која што ја плати Македонија затоа што Заев е премиер е преголема и таа цена е националното омаловажување и понижување со договорот во Нивици и сите економски промаршувања и црнила во образованието, здравството, земјоделците, пензионерите и младите.

Тој вели дека Заев не спремен ни да ги спроведе реформите во правосудството, но затоа видовме како е способен да ги прислушкува, да монтира уреди како би можел предвреме да ги слуша пресудите за да може да организира прес конференции каде ќе ги погодува годините.

– Еве видовме зошто ги погодувал и судските пресуди и годините затвор, и заштитените сведоци ги знаел, затоа што не само што со бомбите го контаминираше целокупното оштество, не само што уништи животи со тие креирани, монтирани материјали, нелегално стекнати туку продолжива и сега повоторно не бил тој виновен, не бил Оливер Спасовски виновен, не бил СДСМ, повторно бил некој таму виновен од порано, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека граѓаните веќе се свесни за сите црнила и темнини  и тоа ќе го покажат на следните редовни или предвремени парламентарни избори кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија жестоко ќе го поразат Зоран Заев. Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе ја донесат зората која што ќе ги победи овие црнила кои што Зоран Заев заедно со СДСМ и ги приреди на Македонија.

Коронавирус