среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Мицкоски: Граѓаните сигурно имале причина да не го поддржат ВМРО-ДПМНЕ на претходните избори, но тоа не е причина да се поддржат сите погрешни политики на власта

Мицкоски: Граѓаните сигурно имале причина да не го поддржат ВМРО-ДПМНЕ на претходните избори, но тоа не е причина да се поддржат сите погрешни политики на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва е гостин во емисијата „Клик плус“ на 21 ТВ. Тој кажа дека неговата партија веќе скоро две години е во опозиција и дека тие сигурно имале добра причина зошто во големо мнозинство не гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, тоа е завршено време, сега сме две години потоа. Ако ние правиме ременисценција со минатото континуирано и ако тоа нас ни е изговор за погрешните политики на оваа политичка елита, која што очигледно Македонија ја води во погрешна насока, тогаш ние никогаш нема да стигнеме на вистинското место, изјави Мицкоски.

Тој ги спомена и скандалите со криминални тендери и парите добиени од Фондот на иновации на луѓе блиски до партијата, а од таму немаше сменети функционери.