-Држава без економска слобода е земја на несреќни граѓани. Недостатокот на економската слобода се решава единствено со концепт базиран на реални и конкретни чекори. Потребни се силни вложувања во капиталните инвестиции и раст од најмалку 4 отсто за да постигнеме реално и квалитетлно зголемување на стандардот. Потребни се суштински мерки во бизнисот и поддршка од државата. Невработеност под 10 осто. Неопходна е силна фокусираност на инвестициите кои ќе отворат нови работни места. Но каква е реалноста? Пензиите и платите не се зголемуваат, а просечната плата од 500 евра ја нема. БДП во првите три квартали забележува пад од 0.4 осто, потенцира Мицкоски.
Тој додава дека проблемите во земјоделието се мултиплицираат.
-Не се само намалените субвенции, туку пазарот на земјоделски производи е изгубен. Несигурниот пласман значи загуба во заработката и неизвесност кај земјоделците. Во енергетиката нема напредок. Наместо енергетска стабилност се раѓа нова енергетска зависност. Следи ново поскапување на струјата, а вистинската гасификација е заглавена. Се воведе евтина тарифа, која сега пак најавија дека ќе ја укинат. Поскапува дизелот како резултат на зголемување на акцизите за нафта, а данокот на добивка и персоналниот данок е извесно дека ќе го зголемат. Граѓаните единствено се обединети во својата мака, затоашто беспарицата е заеднички проблем за многу смејства, вели Мицкоски.