среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски го урива Заев со народот по улиците: Денес протести во 7 града, оставка на Заев, слобода на народот!

Мицкоски го урива Заев со народот по улиците: Денес протести во 7 града, оставка на Заев, слобода на народот!

Македонскиот народ повеќе од јасно е дека го казнува Зоран Заев по срамните навреди, а тие вчера во огромен број преку протест му порачаа само едно, оставка.

Истото ќе се случи и денеска.

ВМРО-ДПМНЕ организира протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ денеска со почеток во 18 часот во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат во одбрана на националните интереси.

-Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро, стои во повикот на партијата.

Инаку вчера Мицкоски на протестот изјави дека Заев со срамната изјава газеше по коските на партизаните и илинденците.

-Срамно е измамништвото негово. Нема човек од Македонија кој не почувствува срам кога го гледаше онака понизно, како со треперлив глас се додворува на бугарската политичка елита. Зошто?? За таа пуста фотелја. И додека тоа го правеше се откажуваше од жртвата на Илинденците, од жртвата на партизаните кои биле наследници на Илинденците. Газеше по коските на Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски Питу, Христијан Тодоровски Карпош, Орце Николов, Борка Талески, Раде Јовчевски Корчагин, Вера Јоциќ… а со тоа и на саможртвата на Гоце, на Даме, Питу и сите други илинденски првенци, луѓето кои ја започнаа својата борба која што ние природно денеска ја водиме и ден денес се бориме за нашата Македонија, посочи тој.

Тој додава дека и сега почитувани, пријатели, драги браќа и сестри овде присутни, сакам внимателно да ме слушнете, овде нема политика, ниту оваа ниту онаа партија, ова е Македонија. . Овој протест е на народот.

-Овде нема калкуланство, ова е протест на сите против лудоста на еден човек. Ве молам сите да го гледате како протест кој е надпартиски во кој мора сите да се обединиме. Ќе победиме ако сме обединети. Секогаш сме биле обединети и тогаш сме победувале, затоа ни е потребно обединување рамо до рамо еден до друг, дециден е Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус