понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 46
home Вести

Мицкоски го сруши рејтингот на владата која има убедливо најмала доверба во однос на која било друга Влада во првите 100 дена

Мицкоски го сруши рејтингот на владата која има убедливо најмала доверба во однос на која било друга Влада во првите 100 дена

Бројките од најновата анкета на телевизија Телма и МЦМС, а спроведена од М-Проспект го потврдуваат опозиционото расположение кај граѓаните.

Имено граѓаните за првите сто дена на Владата и дале средна оценка, односно 2,46 и ја има убедливо најмала доверба во однос на која било друга Влада во првите 100 дена.

На прашањето какo би ги оцениле 100-те дена работа на Владата: 2,46 е средната оценка што и` ја дале испитаниците во најновата анкета на Телма и МЦМС.

На скалата од еден до пет – 11 % дале оцека 5, 14,2 % првите 100 дена ги оцениле со четворка, 20,1 % ја оцениле работата на Владaта со тројкa, 19, 4 отсто со двојка, а со високи 35,3 отсто ја оцениле Владата со – единица.

Она што е интересно од самата анкета е тоа доколку се направи збир од самите проценти кои што ги добија партиите може да се дојде до блага предност на опозициските партии, со што се потврдува и проопозициското расположение на граѓаните во Мкедонија

Имено збирот на процентите на владината коалиција изнесува 29,1 отсто. Или, поединечно СДСМ 18,6, ДУИ 6,7, ДПА 1,4 и Беса 2,4 проценти. Најпроблематични се процентите за ДПА и Беса. Зашто, и двете партии пред последните парламентарни избори имаа рејтинзи на ниво на статистичка грешка, а сега се со покачени и тоа во услови на катастрофални први 100 дена Влада.

Од друга страна пак по истиот принцип, опозицијата, има рејтинг од 29,6 отсто. И тука мора да се има превид дека, на пример, Алијанса и Алтернатива се земени како посебни политички субјекти, исто како и Интегра, за која се најде место на листата како вонпарламентарна партија. Поединечно гледано, ВМРО-ДПМНЕ има 18,1%, Алијанса за Албанците 4,6, Алтернатива 0,5, Левица 6,2 и Интегра 0,2 отсто.

Коронавирус