четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Мицкоски: Го повикувам Заев на средба, државата е во криза и грч, граѓаните очекуваат сериозност и консензус

Мицкоски: Го повикувам Заев на средба, државата е во криза и грч, граѓаните очекуваат сериозност и консензус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Дневникот на Сител телевизија го повика премиерот Зоран Заев на средба, затоа што како што вели државата и граѓаните се во грч, а се очекува сериозност и консензус за важните прашања.

-Го повикувам Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници во ден и време кога тој ќе избере, стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време онака како што на нему му одговара, да разговараме за сите оние проблеми коишто се од животно значење за граѓаните, од кризата од пандемијата, до работата на парламентот, за се што е денеска отворено, а нерешено, а стои на маса, повика Мицкоски во Вестите на Сител телевизија вечерва.

Мицкоски вели дека се надева дека со ова ќе може да се постигне некаков консензус за случувањата, како и тоа дека е подготвен да разговара на секоја тема да се разговара и за пописот, и за пандемијата, и за економијата, и за блокираните евроинтеграции и за широки или концентрациони влади, за национален спас, затоа што граѓаните очекуваат да се постигне консензус за важните прашања, затоа што граѓаните се во грч, а состојбата е на раб на издржливост.

Дополнително Мицкоски порача дека за ова фијасно не може никој да не поднесе одговорност, одговорност мора да има, затоа што впрочем на тој начин се остава лош пример дека власта не чувствува вина за она што се случува, дека некој друг е крив, но тоа не е така, вие како министер или премиер ако вашите обврски не ги исполните, а само уживате во вашите привилегии, тогаш тоа е лицемерно, дезертерството и неспособноста не чини човечки животи.

Локални избори 2021