сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 58
home Вести

Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да направиме референдумски избори, тој е за предлогот, ние против, народот да одлучи на избори

Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да направиме референдумски избори, тој е за предлогот, ние против, народот да одлучи на избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа, го повика Димитар Ковачевски ако верува дека францускиот предлог е добар за државата и иднината на граѓаните, тогаш кога ќе се врати од Брисел да прифати предвремени парламентарни избори, за кои што рече тоа ќе бидат референдумски избори каде што граѓаните ќе одлучат, а не избори за власт.

Ако верува Димитар Ковачевски дека ова е добар предлог, ако си го сака својата држава и народ нека дојде од Брисел и нека им каже: ” Луѓе јас ќе седнам со опозицијата ќе договорам предвремени избори во октомври или ноември, јас ќе ја бранам тезата ова е добар предлог за иднината, опозицијата ќе напаѓа, но народот нека одлучи, референдумски” . Тоа не се избори за власт, тоа се референдумски избори, вели Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус