недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Мицкоски го натера Заев да се правда дека има мнозинство, за 6 месеци мораше да тестира доверба

Мицкоски го натера Заев да се правда дека има мнозинство, за 6 месеци мораше да тестира доверба

Зоран Заев нема доверба ниту во најблиските или поточно кажано, се плаши дека најблиските немаат доверба во него.

Така, Заев попладнево побара од пратенциите да се изјаснат за доверба на Владата. Таму каде има мнозинство, за кое јавно говори дека е убеден дека е стабилно, премиерот се тестираше самиот себе. Заев кажа дека според Уставот и собранискиот деловник, премиерот има право усно да побара гласање доверба на Владата.

Инаку Заев е единствениот кој после половина година власт повика гласање на доверба на својата власт бидејќи нема верба во коалиционите партнери. За само 6 месеци, тој мораше да се тестира.

-Ред е да се соочиме и расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кога ќе покажеме пред граѓаните колку има вистина од опизицијата, да видиме за што станува збор-стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција. Мора да е едното од двете ако не и двете заедно, рече Заев пред пратениците.

Нагласи оти нема да дозволат неизвесност, несигурност, сопки, блокади и оптрукции.

-Во име на вистината ја преземам одговорноста и обврската пред граѓаните согласно Уставот и деловникот на Собранието да побарам изјаснување на Собранието за доверба на владата, заклучи Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е убеден дека мнозинството на Заев е на стаклени нозе и дека владата брзо ќе падне. Со неговите настапи го натера Заев да почне да се правда и пред јавноста и пред себе.

Но, Мицкоски му посочи на премиерот дека ништо не го спасува од паѓање на Владата.

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас ќе речам, бидете спокојни. Најдоброто за нашата земја допрва доаѓа, посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби.

Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат.

А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро“, порача Мицкоски.

Коронавирус