понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Гласот ЗА договорот за промена на името, значи легитимитет Заев да продолжи да дели тендери на својот брат Вице и на Анѓушев

Мицкоски: Гласот ЗА договорот за промена на името, значи легитимитет Заев да продолжи да дели тендери на својот брат Вице и на Анѓушев

На денешниот протестен марш во Охрид, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски каажа дека нивната визија за Македонија е земја на интегрирано општество, со силна пазарна економија.

-Потребен е рапиден развој сега, не утре, не задутре или по една година. Потребни се веднаш големи чекори напред за да се надохнади пропуштеното. Ни треба економија која ќе создава додадени вредности и која ќе вработува и овозможува иднина, за невработените, за стечајците, за младите. Треба да се отфрли ова изветоперување на семејните вредности кои сега ни го продаваат како демек напредно. Семејството останува столбот и основната клетка на општеството. Образованието мора да е подобро. Слободата е најскапа тогаш кога ја нема, а слобода ли е овој башубозук и криминал кој како канцер го јадат општеството парче по парче. Потребна е нова слика за политиката во Македонија, мора да се промениме самите за да ја промениме реалноста. Партиите не смеат да владеат со Македонија, со Македонија мора да владее Уставот, законите и вредносните принципи и никој не треба да биде над тоа, изјави Мицкоски.

Тој порача дека одговорност мора да има.

– Ние сме за намалување на даноците, за помали даноците. Фирмите да плаќаат за половина од данокот што треба да го платат, а другата половина да ја вложат за нови вработувања. Ние сме за укинување на  зголемената акциза за нафтата. Ние сме за нов лик на здравството преку масовен пакет на реконструкции, изградба на нови болници и масовно вложување во медицинскиот кадар, да остане овде, да можат граѓаните да добијат квалитетно здравство, а не замислено и лажно бесплатно здравство како што им нуди Зоран Заев. Да останат најдобрите 500 студенти, да може државата да им ја загарантира платата овде во нивната татковина. Да ги зголемиме до 50 проценти платите за вработените во образованието, во градинките. Да ги зголемиме пензиите до 40 проценти. Тоа е она и уште многу многу други проекти кои ќе се значат подобрување на животот за сите.

Мицкоски кажа дека потребно е единство повеќе од кога било.

-Потребно е обединување на граѓаните затоа што делиме исти страдања, исти маки и проблеми. Македонија нема да стане подобра со овие луѓе на власт. Ова што денес го живееме е планот А на Зоран Заев, тоа е неговиот план. Не на народот, не на ВМРО-ДПМНЕ. И не е само овој договор, нема ден да не помине со нов скандал. Забораваат на ветувањата кои ги даваа пред изборите, ама не забораваат матните бизниси да им врват. И во својата суштина гласањето ЗА овој договор значи давање на легитимитет на Зоран Заев и следниот ден да продолжи да дели тендери на брат му Вице, гласањето За овој договор значи и ветар во грб да продолжат да ги покачуваат даноците, да земаат од парите на народот, гласањето За значи и легитимитет да продолжат криминалните иновации, да има повеќе државни тендери во фирмите на Анѓушев кој и понатаму ќе удира по новинари со фломастер, гласањето За значи и давање на легитимитет на уништената економија, но и легитимитет на скапите стипендии на одбраните луѓе од власта, за нови тендери во здравството кои ќе продолжат од ќерката директор на таткото бизнисмен, на нови матни тендери за книги и бизниси во коалицијата на власт. Затоа внимавајте важна е оваа одлука која што ќе ја донесете, изјави Мицкоски.

 

Коронавирус