четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 156
home Вести

Мицкоски: Ги знаеме понудите, ајде да видиме на која цена ќе го потпишат договорот за респираторни апарати

Мицкоски: Ги знаеме понудите, ајде да видиме на која цена ќе го потпишат договорот за респираторни апарати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Дојче Веле се осврна и на набавката која е во тек за 50 респираторни апарати.

-Еве, во тек е набавка на 50 респираторни апарати. Четири компании се пријавиле. Ги знаеме понудите, ги знаеме цените, ајде да видиме на каква цена ќе го потпишат договорот. Знаеме и кои министри на кој амбасадор на нашата држава му се јавувале, за да најде вакви уреди во таа земја каде што е амбасадор, кои потоа приватна компанија требало да ги увезе во Mакедонија, а истите требало да пристигнат преку DHL, истакна Мицкоски за Дојче веле.

Коронавирус