сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски ги слушна и маките на лозарите

Мицкоски ги слушна и маките на лозарите

Мицкоски денеска оствари средба и со лозарите од Тиквешијата, при што од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им беше ветено ВМРО-ДПМНЕ во рамки на програмата обнова за Македонија ќе предвиди решенија кои што ќе значат вистински решенија за реалните проблеми.

-Разговаравме со лозарите од Неготино, претходно разговаравме со лозарите од Кавадарци, Росоман. Така што генерално преовладува идентична слика дека денеска тие се во очајна, катаклизмична би рекол ситуација поради условите кои што се денеска предизвикани од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ во рамки на програмата обнова за Македонија ќе предвиди решенија кои што ќе значат вистински решенија за реалните проблеми на лозарите во Тиквешијата, а со самото тоа ќе го зголеми и квалитетот на нивниот живот, пишува Мицкоски.