петок, 18. септември 2020. Вести денес: 110
home Вести

Мицкоски ги повтори шесте барања на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски ги повтори шесте барања на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш ги истакна шесте барања кои ги има партијата.

1.Веднаш неотповиклива оставка на Оливер Спасовски поради целиот криминал, поради сите неразјаснети убиства, мафијашки пресметки. Поради сите претреси на нашите браќа и сестри во нивните домови, рано наутро. Поради сите омаловажувања пред нивните деца затоа што излегле да протестираат и го поддржале ВМРО-ДПМНЕ.

2.Неотповиклива оставка на министерот за надворешни работи поради сите понижувања, национални омаловажувања што ни ги приреди. Но, најмногу поради тоа што не нарече „искомплекцирана нација“, нацијата која лебот му го дава. Нацијата која го школувала него и неговото семејство.

3.Веднаш повлекување на Законот за зголемување на даноците. Не ги опфаќа законот само оние со повисоки примања. Ги опфаќа и земјоделците и економијата и бизнисот и професорите и сите кои се под Договор на дело, затоа доста го лажете народот. веднаш да го повлечете законот за зголемени даноци.

4.Почист воздух – вратете ја гасификацијата и откажете се од оние мерки со кои секој ден го лажете народот, мерки кои предвидуваат бележење на возилата. Не може на тој начин да се однесувате повеќе.

5.Формирање на комисија која ќе ги анализира, систематизира и преслуша разговорите кои се резултат на црниот Вотергејт на Заев. Прислушувањето на јавните обвинители и на судиите. Сторителите и нарачателите да одговараат за ова.

6.Да се почитува волјата на народот, јасно изразена на референдумот на 30 септември.

Коронавирус