недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 70
home Вести

Мицкоски: Фотоволтаиците на Владата не вработуваат луѓе

Мицкоски: Фотоволтаиците на Владата не вработуваат луѓе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа истакна дека проектите во енергетиката се на едно катастрофално ниво, притоа посочувајќи го ветувањето за изградбата на хидроцентралите Чебрене и Галиште чија изградба Владата ја вети, за потоа ниту еднаш да не ја спомене. Тој имаше забелешки и за гасификацијата која според него не се одвива со очекуваното темпо.

-Ме прашавте за другите проекти во енергетиката, тие се сите практично на едно многу лошо катастрофално ниво. Се прекина, пред претседателските избори имаше еден состанок со меѓународната финансиска група ЕФЦ мислам дека беше каде што слушнавме од вицепремиерот дека само што не почнале Чебрене и Галиште да се градат, од тогаш не слушнавме ништо. Поминаа месеци, од тоа не гледаме дека ни Чебрене ни Галиште некој го повтори.

Околу модернизацијата на РЕК Битола и РЕК Осломеј не е посветен ниту еден пасус. Гасификацијата онаа секундарната и терцијалната мрежа која е многу значајна за граѓаните исто така гледаме дека воопшто не се ни споменува. Оставивме готова тендерска документација пред две години, беше поништена од страна на тогашната Влада која што еуфорично влезе и реши ова не го бива не чини. За сега за време на изборната кампања за претседателските избори да слушнам на вести дека се формирала комисија за секундарната и терцијалната гасификација по истиот принцип., вели Мицксоки Според лидерот на опозицијата, Владата доживеала комплетно фијаско на полето на енергетиката.

Мицкоски го спомена проектот на владата со фотоволтаиците, но посочи дека овој проект не вработува луѓе, а репроматеријалите кои се користат за изградба на истите не се од македонско прозиводство. Тој забележа и дека со текот на времето фотоволтаиците го губат својот коефициент на полезно дејство.

-Практично едно комплектно фијаско имаме на енергетски план и сега последно што слушнав е ова околу овие фотоволтаиците кои што ќе се прават, па се зборува за некаква премиум тарифа, па не знам што. Суштината е следна. Имаме трудовно неинвазивен проект, значи таму луѓе нема да работат. Сето она кое што ќе биде вградено е од увозна компонента. Слушнавте владата рече ние не препорачуваме од кого да се купи опремата . Значи сето тоа ќе биде од увозна компонента. Најчесто од исток. Трета негативна работа која што е карактеристична за овој проект е што овие фотоволтаиците го губат својот коефициент на полезно дејство, додаде тој.