недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Фактичка состојба е дека Зоран Заев не испорача ниту “р” од реформите

Мицкоски: Фактичка состојба е дека Зоран Заев не испорача ниту “р” од реформите

Во интервју за српскиот весник „Политика“ Престедателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека фактичка состојба е дека премиерот Зоран Заев не испорача ниту „р“ од реформите што требаше да ги испорача нашата држава.

Политика: Зошто мислите дека оваа власт е виновна и оти доживеа фијаско во Брисел, иако 27 земји дадоа „зелено светло“, а само една земја се спротистави на проширувањето? Зарем оваа одлука не упатува на проблем во внатрешните односи во ЕУ? Дури и Македонија да постигнала најидеални односи и до перфекција спроведени реформи, се стекнува впечаток дека ни тогаш Макрон не би ги застапувал наднационалните интереси на ЕУ. Каков е вашиот став?

Мицкоски: Не е само мој став туку фактичка состојба дека Зоран Заев не испорача ниту “р” од реформите. Составија некаков план 3-6-9 па го проширија и на 18. Реализацијата на реформите во тие 18 месеци не се мери во проценти, туку во делови од проценти. Тоа и не треба да ни го каже некој друг. Го гледаме и чувствуваме секој ден. Не може да се води како судска реформа ослободителна пресуда за Зоран Заев за предмет во кој што сите го видоа како бара поткуп. Не е реформа ако ГРЕКО ви го испорача најнегативниот извештај, а вие продолжите да ја партизирате полицијата без никакви критериуми и ги политизирате службите. Не е реформа ако си распишувате тендери во здравството и влијаете врз постапките, а при тоа сте го укинале телото за контрола на јавните набавки, додека органите на прогон замижуваат пред очигледниот криминал. Не е реформски да ги убедувате нашите сојузници во Брисел, а пред да отпатувате на шверцерски начин во собранието да доставувате закон за опојни дроги со европско знаменце, по скратена постапка, без јавна дебата, каде на компаниите од неговото семејство и блиски до нив им се овозможуваат повластени ингеренции во бизнисот со марихуана каков што нема никаде во ЕУ. Најлесно во моментов е вината да се бара надвор, а да не се гледа во сопствениот двор. Тоа е неодговорна политика. Сум се залагал и ќе се залагам одговорноста да се бара првин внатре. Дома фактите се јасни. Заев фрли се на една карта. Овозможуваше да се стакнат права, а истовремено се коцкаше со националните интереси. Дури и лажеше дека имал гаранции. Реформите не го интересираа ни тогаш, ни сега. Таа политика видовме како беше поразена. За жал Македонија и сите ние ја плаќаме цената. Крајот ќе биде трагичен доколку прифатиме дека вината е само во Франција и продожи државата да тапка во место. Така ќе продолжи да се зголемува само профитот на фирмите на Заеви кои имаат обрт од 60-тина милиони евра годишно, а ние ќе продолжиме да го обвинуваме Макрон.

Коронавирус