среда, 3. март 2021. Вести денес: 149
home Вести

Мицкоски: Европските премиери со згрозување гледаат за рекетот и другите криминални афери на Заев

Мицкоски: Европските премиери со згрозување гледаат за рекетот и другите криминални афери на Заев

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Неделен Брифинг со Сотир Костов“ зборуваше за дипломатските разговори кои ги води Зоран Заев како премиер на државата и истакна дека европските премиери со згрозување гледаат за рекетот и другите криминални афери на Заев.

-Владеењето на СДСМ и Заев е со многу пари, со многу поткуп, притисоци, заробено обвинителство и заробено судство, тоа е матрицата на функционирање на политиките на Зоран Заев и на СДСМ. Тука нема креативност, нема стратегија, нема визија, нема план и вие коа ќе седнете со тие луѓе да разговарате вие треба да понудите јасна визија и кој е вашиот план за да дојдете вие до крајната цел. Ако во прво време видат дека не постои таков план и доколку вашите разговори кои ги водите на тоа дипломатско ниво се сведуваат на елементарна примитивна дипломатско ниво, тогаш навистина повеќе вие ќе немате можност ниту пак шанса за да разговарате на тоа ниво со нив и они веќе ќе немаат интерес повеќе со вас откако ќе си го реализираат сопствениот интерес или геостратешкиот да седат на иста маса и да разговараат. Дополнително повеќе што сите тие имаат определени информации кои што се поврзани со вашето политичко дејствување, со вашата работа која ја вршите како политичар во рамките на својата држава, а потоа и функција која ја обавувате. Еве тој бил градоначалник сега е претседател на Владата и претпоставувам дека тие информации кои стигаат до тие луѓе кои треба да седнат и да разговараат со него не се баш благопријатни и не се позитивни за начинот на кој што функционира. Посебно со згрозување гледаат на оние случаи како што е Рекет и сето тоа поврзано со криминалот, владеењето на корупцијата, невладеење на право. Немојте да мислите дека тоа некој до надвор не го гледа и не го суди според фактите, рече Мицкоски

Најнови вести

Коронавирус