среда, 19. септември 2018. Вести денес: 170
home Вести

Мицкоски: Економски ќе ве ослободиме од прангите на оваа забегана власт, нема веќе евро за Вице да има

Мицкоски: Економски ќе ве ослободиме од прангите на оваа забегана власт, нема веќе евро за Вице да има

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира марш поради незадоволстовото од работата на оваа власт. Пред граѓаните во Кичево се обрати лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, тој порача дека тие сакаат општество на слободни граѓани.

-Слободите не се подаруваат туку постојано се освојуваат. Основата на сите други слободи е економската слобода на човекот, токму таа која најмногу трпи сиве овие години. Затоа луѓето не разбираат зошто сум толку многу загрижен за она што и се случува на Македонија на економски план, па знаат да замерат дека се бавам со споредни работи, дека давам изјави на социјалните медиуми и им досадувам со некои таму бројки и графикони. Тие бројки и графикони директно влијаат на вашето секојдневие, за вашиот семеен спокој, директно влијаат на квалитет на живот на вашите семејства, тие за жал избркаа стотици наши сограѓани од нивната грутка, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека затоа економската слобода за нив е толку важна, дека таа за нив е фундаментална.

-Тоа е основата на сите други човечки слободи. Затоа вреди да ни биде прва во фокусот. Затоа мораме во првиот момент кога ќе ја составиме идната влада на Македонија, прва работа за која ќе се фатиме, да биде економски да го ослободиме нашиот народ. И тоа ќе го направиме, да немате сомнеж, економски да го ослободиме од прангите на забеганата влада на Зоран. Нема веќе евро за мене, евро за Вице. Сакам да кажам збор-два и за обвинувањата кои доаѓаат на моја адреса и на адреса на ВМРО во последно време. Зоран Заев и Никола Димитров патуваат во Преспа потпишуваат договор кој се однесува на народот, а народот не го прашале. Гневните луѓе на СДСМ се закануваат дека како и да излезел референдумот, они ќе го туркале тоа по институциите, се закануваат со затвори и не знам што веќе нема да им текне.  Кршат закони, го силуваат уставот на дневно ниво, пуштаат криминалци и убијци на слобода, крадат се што ќе им застане на патот, изјави Мицкоски.

Тој кажа и дека некако за одредена мала група на луѓе, овие работи се помалку важни од најситната работа која ќе се случи околу него или околу ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас го нарекувам капитулантски, тие вадат наслов Христијан го поддржува договорот, јас објаснувам која е негативната содржина на договорот, одам од улица на улица, од куќа во куќа, заедно со вас, од телевизија во телевизија, од весник во весник, од портал во портал, ги објаснувам штетните последици од договорот, тие вадат наслов Христијан се пазарел, како се пазарам за Бога. Како можам така да се пазарам. Малкумина, како едвај да чекаат да направиме некаква грешка, како да навиваат да го направиме погрешниот чекор, да се истрчаме, да влеземе во замките кои секојдневно ни ги поставуваат, за да речат, ете видовте, ви рековме дека сите се исти, и Мицко е таков. Имаме план и размислуваме алгоритамски, изјави Мицкоски.