сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 46
home Вести

Мицкоски: Економијата тоне, граѓаните осиромашуваат

Мицкоски: Економијата тоне, граѓаните осиромашуваат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето видео обраќање истакна дека во текот на денешниот ден ќе оствари средби со тројцата европратеници, Кукан, Вајгал и Флекенштајн.

-На средбата ќе стане збор за актуелната политичка ситуација во државата. Но, она што е поважно за граѓаните е лошата економска состојба на секој од нив поединечно, која што е резултат на погрешните и лоши политики кои што владата предводена од СДСМ ги практикува во Република Македонија. Во продолжение ќе споменам неколку аргументи и факти на што се темели оваа моја анализа. Имено БДП во првите три квартала е некаде околу 0,4 проценти под нулата, што значи дека има негативен раст, а до крајот на година би биле среќни ако завршиме со нула. Што претставува едно од најлошите достигнувања од осамостојувањето на Република Македонија па до денес, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека во услови кога светската економија бележи пораст, се радуваме на резултати што се движат околу нулата.

-Градежништвото е во опаѓање за некаде околу 11 проценти, индустриското производство се движи некаде под нулата околу 4 проценти, што значи севкупно катастрофални резултати кои што само можат да влијаат негативно во квалитетот на животот на нашите сограѓани. Втор параметар кој што сакам да го споменам се странските директни инвестиции. Ќе бидеме среќни ако 2017-тата година ја завршиме со 100 милиони евра помалку директни странски инвестиции, споредено со она што било случај на крајот од 2016-тата година. 100 милиони евра помалку директни странски вложувања, споредено со она што било во 2016-тата година. Третиот параметар исто така катастрофален кој што сакам да го споменам, е намалувањето на бруто државните девизни резерви. Имено, во 2017-тата година бруто домашните девизни резерви се намалени за цели 266 милиони евра, што е некаде отприлика околу 11 проценти помалку споредено со она што било ситуација на 31 декември во 2016-тата година, посочи Мицкоски.

Претседателот на партијата додаде дека граѓаните во Република Македонија се за 11 проценти посиромашни на 31 декември 2017-тата година, споредно со она што било 31 декември 2016-тата година.

-Оваа криминална и неспособна влада мора да замине. Доаѓа нова надеж за Република Македонија, нагласи Мицкоски.

Коронавирус