петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Економијата е наш приоритет

Мицкоски: Економијата е наш приоритет

Благодарност до претседателот на Македонско-турската стопанска комора за можноста да и ние како политичка партија да ги претставиме оние дефинирани политики и проекти кои што планираме да ги реализираме како идна влада во Македонија, ова во изјава за медиумите го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-За нас е исклучително важна оваа средба бидејќи од она кое што знае македонската јавност или па можеби се уште не знае, е фактот дека повеќе од 2 милијарди евра инвестиции имаат овие компании кои што се дел од оваа стопанска комора и повеќе од 10.000 вработени практично се дел од компаниите кои што се дел од Македонско-турската стопанска комора. Факт кој што сам по себе е импозантен, факт кој што сам по себе значи многу. Нашата заложба, односите на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со сите стопански комори вклучувајќи ја стопанската комора помеѓу Македонија и Турција да се продлабочуваат да се интензивираат и зошто да не зборуваме за двоцифрени бројки на инвестиции на вложувачи од страна на Турција овде во Република Македонија и зошто да не зборуваме  за 2 до 3 пати повеќе вработени кои што ќе работата во компаниите кои што се дел од оваа бизнис асоцијација, вели Мицкоски.

Тој додава дека така што навистина за мене преставува чест и задоволство што ќе можам денеска да разговарам со  искусни претприемачи, бизнисмени, луѓе кои што оставиле забележителна трага на економијата во Македонија. Нешто да слушнеме, дел од тоа што ќе го слушнеме очекуваме да биде дел од нашата програма исто како што слушавме од другите стопански комори каде што, како што кажа и претседателот Ајдован очекувам една плодна и навистина квалитетна средба денеска на состанокот.

Коронавирус