недела, 9. мај 2021. Вести денес: 74
home Вести

Мицкоски: Единствена моја цел е ВМРО-ДПМНЕ да се врати на старите победнички патеки

Мицкоски: Единствена моја цел е ВМРО-ДПМНЕ да се врати на старите победнички патеки

Мешањето на државата и партијата на изминатите организирани локални избори во Македонија допринесоа да до одредена мера имаме сериозно нарушување на демократскиот принцип на еден изборен процес, ова во отвореното студио на МРТ го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Покрај сопствената субјективна вина која ја дијагностициравме точно знаеме каде е и ќе се трудиме во периодот кој што следува за следните изборни циклуси да не ја повториме и исто така морам да признам дека ова претставуваа најлошо организирани избори ако се споредат со двата претходни изборни циклуси, а тоа се во 2014 и 2016 година, а тоа го говорат извештаите од реномирани меѓународни институции. За нерегуларноста на изборите беше потврдено и од најмалку двете партии и нивните претставници на Албанците, а тоа се Беса и Алијансата на Албанците, вели Мицкоски.

Тој сублимира дека овие избори беа лош изборен процес кој што изобилуваше со многу недостатоци и недоследности нотирани во извештаите на ОБСЕ и ОДИХР.

На прашање на новинарите во студиото тој вели и дека единствена цел на Христијан Мицкоски во моментов е ВМРО-ДПМНЕ да се врати на старите победнички патеки и да формира тим кој ќе го поддржи во сето тоа.

-ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе му служат исклучиво на народот и на граѓаните на Република Македонија и се што било добро во минатото од партијата ќе се продолжи да се практикува, а се што било лошо и онаму каде што се констатирани недостатоци ќе се најде начин истите да се превенираат и понатаму да не се повторуваат, рече Мицкоски.

Тој вели и дека сето ова на наредните избори ќе му донесе успех на ВМРО-ДПМНЕ и партијата ќе ја формира идната Влада.

Коронавирус