недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Мицкоски: Два месеци го оставаат стопанството на милост и немилост, треба итни мерки и свежи пари во економијата

Мицкоски: Два месеци го оставаат стопанството на милост и немилост, треба итни мерки и свежи пари во економијата

Претседателот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски упати жестока критика за политиките на власта и начинот на кој што Владата на СДСМ се справува со епидемијата на коронавирусот.

Според него, целото стопанство во моментов е оставено на милост и немилост.

-Вие го оставате стопанството два месеца на милост и немилост. Затоа ние велевме интензивна брза акција и во март, сега веднаш во април требаше да се плати, на на луѓето да ги задржат вработените за март. Ако се тргнеше и ако ги спроведоа сите оние работи кои што ние им ги велевме, ако Народната банка ја намалеше каматата на благајничките записи и дел од тие пари завршија во државни хартии од вредност. Вчера слушав тука се мешаат поими, ликвидност, едно друго, навистина бев зачуден од сето тоа незнаење, вели Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека во моментов се потребни итни мерки и свежи пари во економијата.

Тој посочи дека треба да се вбризгаат пари и да се троши, а парите треба да ги обезбеди Владата.

Најнови вести

Коронавирус