вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 168
home Вести

Мицкоски: Дури и да ми е родител или сестра ако се огрешиле спрема законот треба да се одговара

Мицкоски: Дури и да ми е родител или сестра ако се огрешиле спрема законот треба да се одговара

Ако човек се огрешил пред законот треба да одговара, а има шанса во тек на судска постапка да кажува, докажува. Сите, без исклучок треба да одговараат пред законот. Дури и да ми е родител или сестра ако се огрешиле спрема законот треба да се одговара, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа на гостувањето на емисијата „Што не е јасно“.

Мицкоски рече дека без разлика за кој предмет станува збор за секој кој постои основано сомнение треба да има постапка.

-Проблемот кај нас е што нема независно обвинителство и судство. Или она Сваровски сега стана Луј Вутон. ВМРО-ДПМНЕ има блокиран имот од судика чиј брат е адвокат и кој го слушнавме како бара 6 милиони евра за да биде ослободен некој кој е во притвор, посочи Мицкоски.

Коронавирус