четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Државава е закована на дното по криминалот и корупцијата

Мицкоски: Државава е закована на дното по криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи поради оваа влада предводена од СДСМ Македонија за жал е закована на дното по криминалот и корупцијата.

-Денеска кога ние го правиме ова интервју ние се наоѓаме на 106-тото место според Транспарентност Интернационал. Инаку да во времето на владите на ВМРО-ДПМНЕ, изминативе влади на ВМРО-ДПМНЕ дури сме се наоѓале во првата третина на скалата на Транспарентност Интенационал, што е практично и наша цел во програмата, да се најдеме на крајот од нашиот мандат во првата третина во ранг листата на Транспарентност Интернационал. А, тоа ќе го оствариме и тоа е исто така дел од програмата, нагласи Мицкоски во интервјуто за „Радио слободна Европа“.

Мицкоски додаде дека со политиките со кои излегуваат пред граѓаните во делот реформите и во обвинителството и во судството ќе овозможат еден таков принцип.

-Јас верувам во мудроста на народот во победата на ВМРО-ДПМНЕ во 2020-тата на овие предвремени парламентарни избори. И ќе покажеме како се работи и како се сака Македонија, истакна Мицкоски.

Коронавирус