петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 171
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Вести

Мицкоски: Државата во оваа КОВИД криза е со најмала поддршка кон бизнисот по глава на жител под 3 проценти, тоа ќе се смени по падот на владата

Мицкоски: Државата во оваа КОВИД криза е со најмала поддршка кон бизнисот по глава на жител под 3 проценти, тоа ќе се смени по падот на владата

Најпрво да се заблагодарам за интересот, да се заблагодарам на домаќините за можноста да поразговараме отворено околу актуелната економска ситуација во државата, начинот како се води бизнисот, во каква состојба се наоѓаат компаниите кои се членки на комората на Северо-западна Македонија, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Она што можевме да го слушнеме еве го пренесе претседателот на Комората, директно дека количината на помош и начинот на таа помош кој што се рефлектира од страна на владата до бизнис заедницата е недоволна и дека е потребна да биде уште поголема за да можат да опстанат, или пак сосема доволно би било оние долгови кои што државните компании ги имаат или локалните компании кои што ги имаат кон бизнис заедницата да бидат навремено сервиси и исплатени. Тогаш никаква помош не би била потребна, ниту пак  компаниите би зависеле од таков тип на помош. Но, за жал тоа не се случува, обидот практично да се злоупотребува Буџетот и високото ниво на криминал и корупција, 111 место или би рекле ние сме лидери во регионот на нивото на криминал и корупција според последните извештај на реномирани светски агенции. Според реномирани светски весници сме хибриден режим, и во услови кога имате хибриден режим кога имате високо ниво на корупција тогаш нормално е дека многу тешко ќе му оди на бизнисот да опстане и многу тешко ќе и оди на бизнис заедницата да може да се развива и да го зголемува бројот на вработени. Целта на овој состанок е подготовка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ на потенцијалните кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, имајќи во предвид дека Македонија е практично една од трите држави со најнизок степен или најнизок процент на поддршка на бизнис заедницата во овој период би рекол борба против КОВИД пандемијата, едвај 3 ипол проценти бидејќи државата се задолжи за една милијарда, милијарда и сто милиона, а во суштина самиот вицепремиер кажа дека се потрошени и стигнале до бизнис заедницата и до граѓаните помош од прилика од 350 милиони. Прашањето е каде отидоа останатите 650, 750 милиони евра?, прашува Мицкоски.

Тој додава дека ние тоа го кажавме каде отидоа уште пред некој месец дека тие отидоа во поткуп на изборите. Но, еве добро е што самиот вицепремиер тоа го кажа.

-ВМРО-ДПМНЕ останува посветено да работи со бизнис заедницата со стопанските комори, продолжуваме и во наредниот период да се среќаваме со останатите стопански комори, затоа што сакаме да излеземе како и секогаш со навистина квалитетни предизборни програми кои што ќе ги понудиме пред граѓаните и пред општеството. Очекуваме голема граѓанска и општествена поддршка и најголем број кандидати за градоначалници од страна на Коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да победат на следните локални избори. Бизнис заедницата има партнер во ВМРО-ДПМНЕ, ќе го повторам тоа што сум го кажувал во минатото ова се, современите патриоти и херои, луѓе кои што обезбедуваат плата во екстремно тешки услови. Јас секогаш кај овие луѓе ја стегам цврсто раката и во мене како човек имаат поддршка, не само како претседател на најголемата политичка партија, туку и во иднина кога ќе ја пред водиме Владата на Република Македонија, вели Мицкоски.

Локални избори 2021