четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 238
home Вести

Мицкоски: Државата е рекордер по загубени животи од Ковид 19, имаме економија што пропаѓа, а СДСМ инсистира на избори

Мицкоски: Државата е рекордер по загубени животи од Ковид 19, имаме економија што пропаѓа, а СДСМ инсистира на избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во своето гостување во телевизија Клан рече дека постојат кредибилни светски институции, има лекари кои велат луѓе прерано за одржување на избори затоа што ние сеуште ги броиме луѓето кои на дневна основа се инфицирани и ние сме апсолутни рекордери на Балканот.

-Да ја потсетам македонската јавност дека ние практично сме и рекордери по друга една категорија, а тоа е по бројот на луѓе кои што го загубиле својот живот на милион жители. И кога сето ова ќе го ставите на кантар и кога ќе видете каква економска ситуација е во моментот во државата односно немерките кои што превземаа и очекуваниот револт кај граѓаните нивната позиција за мене како политичар е разбирлива но, како граѓанин е неоправдлива затоа што вие не можете по цена на здравјето на граѓаните и по цена на животите на луѓето, по секоја цена да гледате да ги задржите фотелјите. Тоа го прави обично човек кој што е исплашен дека после поразот и дебаклот кој што ќе се случи на следните предвремени парламентарни избори кога и да се случат, доаѓа вториот институт , а тоа е институтот на одгворност, посочи Мицкоски.

Парламентарни избори 2020