среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 203
home Вести

Мицкоски доживеа сообраќајна незгода, нема повредени, причинета е помала штета

Мицкоски доживеа сообраќајна незгода, нема повредени, причинета е помала штета

Во Прилеп на пат за настанот каде се промовираат политики на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски доживеа сообраќајна незгода.

Како што дознаваме, сообраќајката се случила откако непознато возило удрило странично во возилото во кое се превезувал Мицкоски.

Причинета е помала материјална штета и нема повредени во сообраќајката, освен помал потрес причинет од ударот на двете возила.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека претседателот Мицкоски се чувствува добро и веднаш после незгодата се обрати на настанот пред прилепчани.

Локални избори 2021