четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Доколку Владата ги прифати двете активни мерки кои ги предложивме во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи продолжување на кризната состојба

Мицкоски: Доколку Владата ги прифати двете активни мерки кои ги предложивме во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи продолжување на кризната состојба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјавата дадена после средбата со претставници на Регионалната стопанска комора во Битола, одговарајќи на прашање за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи продолжување на кризната состојба, одговори дека доколку Владата ги прифати двете активни мерки кои во оваа насока беа предложени на денешната прес-конференција во Парламентот, партијата ќе поддржи продолжување на кризната состојба.

„Не можеме ние да поддржиме продолжување на енергетската криза. Можеме да поддржиме и да не поддржиме воведување на кризна состојба поради проблемите со електричната енергија, односно енергетиката во државата бидејќи тој првиот период истече и сега треба истата таа да се продолжи. Денеска имавме прес-конференција во Парламентот каде што предложивме две активни мерки коишто треба веднаш државата да ги донесе и Владата. Првата е субвенција на сметките за електрична енергија на граѓаните и стопанството во вредност од 15 милијарди денари или минимум 250 милиони евра како дополнение на оние првичните 4 милијарди и 65 милиони за да не дојде до ценовен шок и да не дојде до зголемување на сметките за електрична енергија на граѓаните и домаќинствата. Наместо да крадат, парите да ги вратат таму каде што се потребни, а тоа е за граѓаните и за економијата, односно бизнис заедницата. И втората мерка која што веднаш ја бараме од Владата е да ја покрие разликата на сметките кои што ги добиваат единиците за локална самоуправа, односно општините, поради тоа што голем број на снабдувачите ги откажуваат договорите, а сега тие мора да плаќаат и двојно и тројно повисоки сметки за електрична енергија, а таков е случајот и овдека во Битола на универзалниот снабдувач, бидејќи тие навистина ниту имале можност, ниту пак знаеле како во тој период да управуваат бидејќи тогаш администрацијата во единиците за локална самоуправа била под друга политичка партија. Ова се двете клучни мерки што треба Владата веднаш да ги преземе. Доколку тоа го преземе владата ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи продолжување на кризната состојба поради лошата енергетска состојба во државата наметната поради неспособноста на оваа влада, а за која што алармиравме уште летото во мај и јуни месец“, истакна Мицкоски.

Коронавирус