недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 77
home Вести

Мицкоски: Договорот со Грција, Владата почнала да го имплементира формирајќи комисија за промена на историјата, археологијата и образование

Мицкоски: Договорот со Грција, Владата почнала да го имплементира формирајќи комисија за промена на историјата, археологијата и образование

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата “24 Анализа“ вели дека иако договорот со Грција не е имплементиран и не заживеан сепак Владата почнала да го спроведува и да ги имплементира членовите кои се состојат во тој договор.

– “Владата  на дневно ниво не демантира. Побрза е и од процесот. Тој договор не заживеал, а тие почнале да го имплементираат. Деновиве читам во дневниот печат дека членот 8 почнал да се имплементирал со тоа што овие групи на преговарачи кои се предвидени со членот 8 да бидат составени од двете страни, Со договорот не се знае која е едната страна, за другата се знае дека е хеленската република комисиите имаат по 7 преговарачи, нашиот тим ќе го води поранешниот дипломат Габер. Замислете вие сега треба тие комисии да преговараат за нашата историја, археологија и образование. Притоа договорот не е ефективен и замислете на тие договори дополнително си ги нарушуваме нашите национални позииции и позиции на државата“ рече Мицкоски.

Според Мицкоски договорот ќе стане ефективен кога ќе го помине филтерот во грчкото собрание. Тој додава дека и да се претпостави ако договорот пропадне и ако уставниот суд во Грција го поништи тој договор тоа значи дека ние сме ги прифатиле условите од тој договор на кои  никој не не терал. Тоа во најмала рака според него е неодговорно и спрема сопствената држава и спрема сопствениот народ.