понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Договорот со Грција е капитулантски чин со кој се себеодрекуваме

Мицкоски: Договорот со Грција е капитулантски чин со кој се себеодрекуваме

Во дебатната емисија „Само вистина“ вечерва гостуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев.

На прашањето какви се намерите на  ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор и дали ќе го почитува доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток не го поддржува овој капитулантски договор.

-Договорот којшто го потпиша СДСМ и Зоран Заев со нашиот јужен сосед, од самиот почеток кажавме дека тоа за нас е капитулантски чин, дека на тој начин практично ние се себеодрекуваме и дека во нити еден момент не сме подготвени да го прифатиме со оваа содржина, каков што е таков. Имавме прилично кристално јасен став, дека таа содржина на овој договор не само што не ги заштитува нашите национални интереси, туку напротив, вековно се одрекуваме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој рече дека помеѓу Македонија и Грција бил потребен договор, но не ваков со сите овие импликации кој е комплетно погрешен и ги комплицира процесите во иднина.