сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 114
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски ќе ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Кисела Вода

home Вести

Мицкоски: Додека зборуваме за избори има 22 новозаболени и 2 починати од коронавирус

Мицкоски: Додека зборуваме за избори има 22 новозаболени и 2 починати од коронавирус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју за телевизија Сител зборуваше за критериумите според кои ВМРО-ДПМНЕ смета  дека треба да се одржат  парламентарните избори каде како решение го понуди крајот на август или почетокот на септември, но тоа не беше прифатен од страна на Зоран Заев.

Во врска со неприфаќањето на овој став од страна на Заев, Мицкоски истакна:

-Не е прифатливо затоа што како што јас успевам да го разберам неговото политичко толкување е функционирање врз основа на ултиматум и затоа почувствува вчера по завршувањето на лидерската средба да им се извинам на граѓаните што во услови кога ние броиме 26 заболени и 3 починати во текот на вчерашниот ден да зборуваме за избори. Еве сега додека го правиме интервјуто разбрав дека има нови 22 заболени и двајца починати, а ние зборуваме за избори, рече тој.

Мицкоски во своето гостување додаде дека ВМРО-ДПМНЕ побара средба кај претседателот Стево Пендаровски, средба на која што ќе се разговара за актуелната политичка состојба, економијата, но пред се за здравјето на граѓаните.

Парламентарни избори 2020