вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 79
home Вести

Мицкоски: Додека Заев се фали дека од ЕУ донесе поздрави, Борисов кажа дека ЕУ за Бугарија ќе издвои 38 милијарди евра

Мицкоски: Додека Заев се фали дека од ЕУ донесе поздрави, Борисов кажа дека ЕУ за Бугарија ќе издвои 38 милијарди евра

Во оваа кампања од Заев видовме ароганција, реприза на истите флоскули и немање на програма, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Велес.

Мицкоски посочи дека додека Заев носи поздрави од Меркел и Макрон, Бојко Борисов како премиер на Бугарија на истиот самит на ЕУ, донел помош во Бугарија од дури 38 милијарди евра.

-Не можам да се начудам на нивната ароганција и малодушност. Заев пред некој ден кога дојде од самитот на ЕУ се пофали дека иако нема датум за ЕУ ни пренесува поздрави од Макрон и Меркел. Се сеќавам кога тогашниот премиер на Бугарија Бојко Борисов се врати од еден таков состанок на ЕУ и однесе вест во Бугарија дека донел ни помалку, ни повеќе туку 38 милијарди евра помош, а овој нашиот ни пренесува поздрави од Макрон и Меркел, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека со Зоран Заев нема Европска унија, додавајќи дека од него не може ништо да се очекува.

-Што се однесува до датумот секој октомври ни вели ноември ќе биде, а во ноември дека ќе биде декември и се така 52 месеци или години по ред, затоа што реалноста е дека со Заев нема ЕУ и овој човек ништо не можете да очекувате, никакви резултати кои што ги ветува, вели Мицкоски.

Локални избори 2021