четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 145
home Вести

Мицкоски: Додека постои забраната, ВМРО-ДПМНЕ нема да организира митинзи

Мицкоски: Додека постои забраната, ВМРО-ДПМНЕ нема да организира митинзи

Имавме лидерска средба на која што разговаравме за моменталната ситуација во државата со Ковид -19 или познат кај нас како коронавирус. Отприлика не запознаа од страна на Владата за какви мерки се преземаат сега и кои се препораките, кои се забраните. И така што повеќе беше од информативен карактер оваа средба. Се договоривме да продолжиме и доколку има потреба и во периодот кој што следи да организираме вакви средби, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Истовремено политичките партии со сопствената структура во делот на здравствениот сектор можат да доставуваат сопствени предлози во насока на превенција и насока од ширење на Ковид -19 вирусот.

-Така што ете една кратка средба која што повеќе би рекол беше од информативен карактер отколку да се дебатира и да се разговара за определени политички теми. Покрај справувањето со Ковид – 19 вирусот од големо значење ќе биде и за нас како држава и граѓаните како ќе се справиме со економските последици кои што неминовно ќе дојдат после Ковид -19 вирусот. Затоа што врз основа на навигацијата која што доаѓа од секаде од светот тие последици ќе бидат огромни и по светската економија. Македонија не може да биде имуна на сето тоа што се случува во светот, имајќи во предвид извозната ориентација посебно од технолошно-индустриско развојните зони. Тоа ќе го почувствува и македонската економија, ќе го почувствува и буџетот. Така што паралелно со справувањето на Ковид – 19 вирусот потребен е сет на мерки кои што ќе ги почувствува реалниот сектор односно стопанските комори, не информираа денеска од владата ќе имаат состанок со стопанските комори. И да ги видиме кои ќе бидат препораките. Тука сме и ние како најголема политичка партија, исто така да дадеме сет препораки кои што ќе бидат опфатени, рече тој.

На новинарско прашање како ќе се води кампањата, Мицкоски одговори дека ќе има алтернативен начин на водење на кампања.

Па имаме начини преку социјалните медиуми, преку мас медиумите, така натаму. Од врата на врата, поинаков начин, поинаков пристап, итн. Во овој момент препораките од Владата е да нема собирање. Односно не се препораки, сега веќе тоа од препорака прерасна во забрана. Така што од прилика тука се се сведува, тоа не зависи дали ние политичките партии и како ќе го водиме. Тоа едноставно е забрана која што има определена одговорност. Така да треба да ги почитувате законите во оваа држава, не може да делувате волунтеристички, истакна тој.

Додека постои забраната, Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да организира митинзи.

Коронавирус