сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 85
home Вести

Мицкоски: Добро е што следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и официјално ќе го започне процесот за интегрирање кон Европската Унија

Мицкоски: Добро е што следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и официјално ќе го започне процесот за интегрирање кон Европската Унија

Имавме состанок со претседателот на австрискиот парламент, разговаравме за актуелната политичка состојба во државата ги пренесовме нашите позиции, нашите гледишта, од негова страна исто така беше пренесена заложбата за она кое што го слушаме во последно време, а тоа е се поизвесната можност да Македонија го отпочне процесот за интегрирање кон Европската Унија, ние кажавме уште во 2009-тата година е првиот позитивен извештај на Европската Комисија дека во Македонија постои консензус по тоа прашање, дека ниту граѓаните, ниту релевантните политички субјекти имаат дилема дека Македонија требаше многу порано да го отпочне овој процес и веќе да биде дел од европското семејство, но тоа е што е. Така што еве очекуваме што поскоро да отпочне тој процес на интегрирање, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Добро е што следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и официјално ќе го води тој процес за да не може да ни се случува тоа што ни се случуваше овие три години со Владата предводена од СДСМ  и Зоран Заев, но исто така од наша страна беше пренесена загриженоста од однесувањето на СДСМ, луѓето кои што криминалните групи блиски до СДСМ, злоупотребата на обвинителите, судиите, знаете вчера ваш колега беше осуден, не верувам дека тоа е европско однесување. Истовремено беше запален и билборд. Практично демократијата во Република Македонија беше запалена, се палат билборди со критичка содржина, се осудуваат новинари кои што се критичари на власта, се осудуваат и напаѓаат медиумите кои што исто така се критичари на власта. Практично имаме една ситуација која што личи на се само не на држава која што сака да биде дел од Европската Унија, вели Мицкоски.

Тој додава дека добро е да отпочнат овие преговори, овие преговори кои што ќе ги води нова Влада, способна, амбициозна, Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги приврши тие преговори успешно и што е можно побрзо, споредено со тоа што би го направиле капацитетите на нашиот политички противник.

Коронавирус