четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Добро е да има електронски попис, а не политички попис каков што турка Заев

Мицкоски: Добро е да има електронски попис, а не политички попис каков што турка Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Само Интервју“ на Канал 5, предложи наместо ваков попис каков што турка власта политички и нереален, добро е да има електронски попис, со соодветните бази на податоци за кои ќе има општествен консензус, бидејќи таков попис ќе даде реални резултати и сите ќе го прифатат.

– Нека биде само електронски пописот, утре да се собереме да ги дефинириаме методолошки базите на податоци, да го земеме примерот на држава која спроведува попис електронски и да се попишиме. Јас ви велам дека ќе ги прифатиме тие резултати, такви какви што ќе излезат. Не сакаа фингерпринт, одбија 30 амандмани, одбија дебата со опозицијата, се завршија, им велиме на крај немојте, дајте нов закон, нека биде само електронски. Да ги вкрстиме базите, да ги детерминираме кои се бази во методологијата и врз основа на тие бази да добиеме резултат. Нема да го спориме, потенцира Мицкоски.

На прашањето како ќе знаеме дали некој ја напуштил државата, Мицкоски вели ќе знаеме дали имал финансиска активност во државата , ќе знаеме дали платил данок, сметка, дали пријавил живеалиште што се депонира во МВР, дали здравствено е осигуран, дали посетил доктор, дали уплатил за пензиско и така натаму.

– Кога беа изборите во 2016 година се вкрстуваа бази на податоци, зборуваа за 500.000 фантоми па излегоа неколку илјади само со дополнителното чистење на избирачкиот список. Тогаш сите политички партии го прифатија тоа затоа што имаше чувство за консензус. Седнаа работни групи, работеа, го филтрираа избирачкиот список, заврши сето тоа, си подадоа рака и го прифатија тоа. Зошто сега тоа не го направивме, кому му пречи тоа? А ќе намалиме од трошок. Наместо да ги плаќаме партиските војници на СДСМ и ДУИ, ќе намалиме трошок само електронски да биде, нагласи Мицкоски.

Во однос на акцијата за собирање на граѓански потписи со кои ќе се побара поништување на законот за попис и носење на нови, Мицкоски рече дека се очекува сериозен голем одзив со троцифрена бројка на граѓани и се очекува тоа да биде прифатено и од мнозинството.

ЕУРО 2020

Македонија