понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 155
home Вести

Мицкоски до земјоделците: Заедно ќе го испратиме во пензија министерот што шопингува во Дубаи

Мицкоски до земјоделците: Заедно ќе го испратиме во пензија министерот што шопингува во Дубаи

Знам дека сте незадоволни и знам дека ве уценуваат со исплата на субвенции, со инспекции и разно разни проверки, ременот постојано го стегаат, но вие најдобро знаете дека тие од власта стапнаа на погрешна штица, а вие казната ќе им ја испорачате токму на овие избори, а потоа заедно ќе го испратиме во пензија министерот што во Дубаи шопингува, а земјоделците крај со крај сврзуваат, истакна вчера на централниот митинг, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обраќајки им се на македонските земјоделци.

Честити луѓе со гигатнски срца, како што ги нарече Мицкоски земјоделците, кои со сурова мака и пот се грижат за своите семејства, истакна дека во него имаат пријател со кој заедно ќе се борат за подобро иднина.

Со посебна гордост ги посетувам нашите места во Пелагонија, Струмичко, Полошко, во Малешевијата, Реканско и Овчеполието. Ја стискам чесната рака на земјоделците и ви велам во мене имате пријател, ајде заедно да се избориме за подобра иднина. Мојата борба е и ваша борба!

Коронавирус