четврток, 13. август 2020. Вести денес: 108
Во живо

Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Вести

Мицкоски до Заев: Ви тежат ли рекетираните пари кои ги земавте во џебот?

Мицкоски до Заев: Ви тежат ли рекетираните пари кои ги земавте во џебот?

Слушнавме како лицето Бојан Јовановски вели рекетираните пари завршија таму и таму. И до ден денес никој не го повика Заев да каже за ова. А во еден ист таков материјал Заев вели обезбедивме пари за финансирање на тоа и тоа здружение. Замислете никој не го повикува господинот Заев да даде исказ дали тоа е така или не е така, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првата телевизиска дебата со Зоран заев од СДСМ која беше на телевизија 24.

Според Мицкоски има уште помалку од две недели до избори и треба граѓаните да добијат одговор.

-Ја разбирам нервозата кај Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и додаде дека тоа не може да биде причина да нема одговор за прашањата на граѓаните.

Во контекст на кажувањата на Бојан Јовановски каде завршиле парите, Мицкоски со прашање до Заев „ви тежат ли рекетираните пари кои ги земавте во џебот“.

-Јас знам дека ви тежат земените пари, но ќе дојде 15-ти јули и ќе го ослободиме обвинителството, судството и наместо да ги викаме во нашите канцеларии како што вие тоа го правевте, ќе ги ослободиме институциите и луѓето кои работат во нив и ќе ги оставиме да работат, рече Мицкоски.

Коронавирус