среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 77
home Вести

Мицкоски до Заев: Преговараш продажба на идентитет, ќе одговараш за велепредавство

Мицкоски до Заев: Преговараш продажба на идентитет, ќе одговараш за велепредавство

Тука не има и од ВМРО-ДПМНЕ, не има и партиски определени, и партиски не определени. Не има и Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Власи, но едно нешто не поврзува, а тоа е љубовта кон нашата татковина Македонија. Затоа да се заблагодариме на сите тие кои што денеска се овде со нас, како што кажа и професорката Котлар, можеби се разликуваме по некои работи, но по едно сме исти, а тоа е љубовта кон татковината, љубовта кон сопствениот народ, традицијата, историјата, обичаите. Затоа долго да ни живее Македонија, истакна од денешниот протест пред Владата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Зоран Заев преговара за идентитетот. Тој преговара за идентитетот и око не му трепнува ја лаже целата македонска јавност.

 

-Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што дирекно го означува нашиот идентитет, додека Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Зоран Заев тргува. Како се случи за неполни 12 сати, од позицијата атмосферата е добра има напредок во разговорите до тоа главен наслов во медиумите да биде фијаско. Тоа е затоа што лаже. Та нели се беше во главата на нас вмровците? Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, a се пазареше за идентитетот, историјата, за Македонија. Денес повторно лаже кога вели дека не преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го демантираат и го тврдат токму спротивното. Лаже и кога вели дека има напредок. Безочно лаже и око не му трепнува, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев четири години лажел, 4 години дебата и проблеми за јазикот, историјата, малцинствата наши во соседните држави, идентитетот.

-Погледнете како полека она што не било проблем станува проблем, како се разјадува и она последно здраво ткиво на нашата нација, полека но сигурно дебатираме за откажување од нашето наследство од се она што нас не дефинира како посебна нација, народ и држава. Македонија ја губиме на делови помеѓу две изјави на Заев кој со раката на срце, со насмевка и наведнување на главата вели дека тој бил Македонец, и го штител идентитетот. Веќе на сите им е јасно дека овој човек кога говори тогаш тој сосема спротивно испорачува. Поминаа 10 дена, тој не се повлече во своите скандалозни изјави ниту милиметар, напротив денеска го слушаме како вели дека не се каел воопшто за тоа што го говорел на тоа интервју за еден медиум од кај нашиот источен сосед. Стратегијата на Заев е во играта на зборови, манипулација во која поразите ќе ги прикажува како штитење на идентитет. Па ќе слушнеме дека споделена и заедничка историја било едно исто, дека јазикот ни бил од АСНОМ па наваму, односно дрво без корен, па да бидеме задоволни и среќни дека ако некој бугарски политичар скришум тивко потшепне Македонци, тоа било голема дипломатска победа…дај бе човеку не си играј со нашата интелигенција. Морам да кажам две клучни работи. Прво Заев вели дека во преговорите заштитени биле македонскиот идентитет и јазик. И како да не знаеме кога тој го вели тоа, токму за тоа преговара и токму тоа го продава. И треба да бидете свесни, секој еден од вас кога Зоран Заев вели дека постои македонскиот јазик и дека тој бил Македонец кој говорел македонски јазик всушност мисли дека македонскиот народ, македонската нација постојат од 44татат па наваму и дека македонскиот јазик е дрво без корен и дека истиот постои од 44татата па наваму. А тоа е токму позицијата на нашиот источен сосед, да не се лаже некој кога ги слуша изјавите на Зоран Заев во крик на немоќ, кога вели дека тој бил Македонец кој што говори македонски јазик, зборува за неговите баба и дедо кои што биле родени пред 44тата дека биле Македонци, или нивните баба и дедо кои што биле родени таму некаде во 19, 18 век. Тој токму ги потврдува позициите на нашиот источен сосед и се согласува. Таа е таа игра на зборови на Зоран Заев кога ќе каже дека тој бил Македонец кој што зборува македонски, но заборава да каже дека мисли на 44тата па наваму. Втората клучна работа се се` почестите нивни фабрикувања дека немало народ по улиците, дека овие протести кои што ги организира опозицијата во кои што предводи ВМРО-ДПМНЕ немало народ па тоа му давало легитимитет да ги води политики. А заборава дека е кризна состојба, дека поради неговата неспособност и неспособноста на надлежните во Министерството за здравство имаме пандемија, дека дневно губиме по 30 до 40 животи, дека дневно броиме по илјадници заразени поради неспособноста на тие кои што требаше да се грижат за нашето здравје, нагласи Мицкоски.

Тој му порача дека народ има, и само ако се дрзне да чепне по македонски идентитет, култура, обичаи и традиција ќе види што е народ.

-Ќе ти се случи народ, но овој пат нема бегање од тој истиот народ. Кога тој ќе не обвини за лажен патриотизам и хистерија е како квинслинг да ве обвинува за предавство. И во истиот ден кога го кажа тоа обзнани дека ќе се менувале учебниците по историја, дека имало договор за 5 историски личности и дека работата била пред договор за 11 записници. Па еве јавно го прашувам пред вас, за што се договори, за што зборува и преговара, што продаде овој пат, колкава ли е цената на ова предавство? Колку тендерчиња со провизии ќе завршат во оној ресторан во југоисточна Македонија? Што е цената на ова предавство? Затоа ли одбегнуваше единство дома, за да може полесно да се испорачува и тргува во соседна Софија. На Заев му е полесно да распродава во Софија отколку да постигне единство дома и да ги брани национални интереси. Тоа е така затоа што кај Заев се може да се истргува за пари, ако не може за малку тогаш може за многу пари. И зад оваа негова попусливост се крие финансиски интерес. Еве денеска стојам овде пред вас, нека одговори некој од Централниот регистар кому е префрлен капиталот од рудникот Иловица, дали е бугарски инвеститор новиот купувач на акциите во рудникот Иловица? Еве јавно го повикувам надлежниот во Централниот регистар да даде одговор на ова прашање. Но треба секој да знае дека ова негово попуштање значи разградување од тулите ставани со крв на чии темели почива денешната наша македонска држава. Тоа значи газење по коските на Кузман Јосифовски Питу кој загинал недалеку од тука во борба со фашистичкиот окупатор. Или Раде Јовчевски Корчагин кој е застрелан зад грб. Ама Корчагин умирајќи со пркост и кауза победил зошто станал бесмртен, а ти, ти Зоран Заев живи не продаваш и тоа е болката што овој народ е тука собран, но и оној надвор кој што денеска не е со нас, туку не следи во домовите, вели Мицкоски.

Според него, токму ова им дава енергија да продолжат, и затоа како што рече, ќе победат.

-Сега е моментот кога не треба да има изговори. Сега е потребно народот да биде гласен и да се каже стоп на неспособноста, предавствата и одземање на иднината. А тоа ви го велам затоа што Зоран Заев е подготвен да прифати се, а единствената кочница е македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Ова е моментот кога на Заев треба да му се случи народ. ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме тогаш Заев ќе продолжи да продава и тогаш сите ние, но и целиот народ да нема изговори ниту правдања да ни кажаве дека Заев можеше тоа да го направи. Еве кажувам треба да се случи народ за да Заев престане да продава. Тоа е единствениот начин како да го победиме овој човек кој што денеска се наоѓа во оваа зграда, или да бидам попрецизен дава интервју недалеку од оваа зграда и му се смее цела Македонија и го слуша како на отворена сцена се пазари со нашиот источен сосед. Сосема на крај би сакал да кажам ти поенти. Кога зборувавме дека овој договор ваков каков што е, не е решение, туку е проблем, и само политички аналфабета може на егзибиционистички начин, авантуристички да стави во договор, историски случки да бидат критериум за Македонија, Македонците, граѓаните на Македонија, еден ден да бидат дел од Европското семејство. Тогаш не обвинуваа дека тие ги решавале проблемите со нашите соседи, дека нуделе решенија а ние сме биле проблемот. Еве денеска гледаме дека сме биле во право, дека тоа што за Зоран Заев е договор, за народот е предавство и кочница кон патот кон обединета Европа и место заслужено на Македонија во рамките на Европската унија. Кога во март месец предупредувавме дека тој меморандум речиси акламативно изгласан во Бугарскиот парламент ќе биде дел од преговарачката рамка и критериум, тогаш не убедуваа дека тоа не е точно, дека тоа било само во главите на вмровците. Видовме дека за жал и тоа е точно. Кога во октомври и ноември предупредував дека од министерот Османи се бара нов договор и анекс на договор што ќе го вклучува овој меморандум изгласан во Бугарскиот парламент и Зоран Заев и Бујар Османи и останатите ме обвинија дека ширам лажни вести. Излезе дека всушност тие биле тие кои што ги ширеле лажните вести. Денеска кога зборуваме на национално предавство мислиме на македонскиот идентитет. Зборувавме пред два дена дека преговара за македонскиот идентитет, тој не убедуваше дека тоа не било точно и дека тоа биле лажни вести. Вчера слушнавме од историчарите дека токму придавката македонски е каменот на сопнување, па ќе ни речат, сите хорски ќе не прашуваат на чело со Зоран Заев и тие малкумина околу него што ќе сме направеле ние да сме биле на нивно место, дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него луѓето кои што не доведоа до амбис, кои што тргуваа и ги уништија сите преговарачки позиции создавани со децении. Луѓето кои што ја чепнаа Македонската вековна борба за сопствена држава во срцето на Балканот, нас ќе не прашуваат што ќе сме направеле?

-Еве ќе ви одговорам што ќе направиме, најпрвин ќе ве победиме на фер, не такви украдени талибантски избори, а потоа покрај криминалот ќе одговарате и за велепредавство пред овој народ, јас ви го гарантирам тоа, и за велепредавство и за овој народ, ете тоа ќе го направиме. А на маса ќе седнат учени луѓе, луѓе кои што знаат што се историски факти и ќе се изборат за подобри преговарачки позиции, достоинствен договор и Македонија во рамките на Европската унија. Втората порака е до политичарите во нашиот источен сосед. Залудно преговарате со овие домат-дипломати, залудно преговарате, договарате, заедно мислите дека тоа што со нив мислите дека ќе го ставите на хартија ќе биде обврзувачко за нас. Еве ќе ве потсетам на тоа што го зборувам веќе со недели. Не постои такви парче хартија кое што ќе го почитува идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, владата на национално единство. Никогаш нема да прифатиме таков ултиматиум. Последната моја порака е до нашите пријатели, нашите сојузници во Брисел, во Париз, во Берлин, во Виена, во земјите членки на ЕУ минус една. Знам често пати сме зборувале и тоа го зборував пред една недела токму овде. Знам дека вие го сакате овој народ, имате посебна емоција во вашите срца и за овој народ и за македонската држава и знам дека се ќе сторите за отпочнат тие долги очекувани преговори а ние ќе ви покажеме и докажеме дека знаеме и умееме по најкратката патека на најбрз начин да бидеме дел од тоа обединето европско семејство. Вас не ви треба домат дипломати кои што го распродаваат тоа кое што со крв го платиле нашите дедовци. Тоа го прават почитувани колеги од Брисел од Париз од Берлин од Виена за да можат дома да крадат. За да можат тука да го пљачкосуваат својот народ, таму коленичат и се веднат и распродаваат за да можат дома да крадат. Затоа кога ќе дојде денот не сакам да слушнам овој не смее овој смее сите ќе одговараат. Од прв до последен која за криминал кој за велепредавство, а кој и за двете работи, нагласи Мицкоски од пред Владата.

Коронавирус