недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 49
home Вести

Мицкоски до Заев: Поддржете испитување на имотот на политичарите и ќе видиме како се става во употреба бројчаникот со сумите на одземениот имот

Мицкоски до Заев: Поддржете испитување на имотот на политичарите и ќе видиме како се става во употреба бројчаникот со сумите на одземениот имот

Во изминатиов период и Зоран Заев и СДСМ имаа време да го покажат сето ова што го зборуваат за ветинг во редовите на правосудството. Но, начинот на ветинг или самиот ветинг треба да тргне токму од тие кои влијаеле да се дојде во ситуација дел од судиите и обвинителите да се однесуваат така како што се однесуваат. Ние ќе одиме прво со политичарите, да го видиме прво потеклото на имот на политичарите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дебатата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Македонската телевизија.

Мицкоски го повика Заев да ја поддржи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тука го охрабрувам Заев да ја поддржи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. А тоа е секој оној кој се занимавал со било каква политичка функција да го покаже и докаже потеклото на имотот и капиталот. Политичарите да го докажат потеклото на својот имот и на своето семејство, рече Мицкоски.

Според него Заев до сега требаше да донесе барем електрично напојување на бројчаникот и тој барем да профункционира.

-Тоа што не го направи Заев ќе го направиме ние. Сите ќе одговараат, кажа Мицксоки.

Коронавирус