петок, 31. март 2023. Вести денес: 136
home Вести

Мицкоски до Заев: Пандорината кутија не се шири, туку се отвора, исто како што има разлика помеѓу селективна и апсолутна правда

Мицкоски до Заев: Пандорината кутија не се шири, туку се отвора, исто како што има разлика помеѓу селективна и апсолутна правда

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема потреба од ширење на пандорината кутија со барањата на Беса и Алијансата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот Твитер профил му реплицираше на Заев.

-Кога Заев веќе се служи со термини произлезени од артефакти врзани за грчката митологија треба да знае дека пандорината кутија не се шири, туку се отвора. Едноставно е. Исто како што има разлика помеѓу селективна и апсолутна правда, или пак помеѓу уценети и неуценети, напиша Мицкоски на својот Твитер профил.