четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Мицкоски до Заев: Нема да завршам со повикување на одговорност додека нема кривична одговорност

Мицкоски до Заев: Нема да завршам со повикување на одговорност додека нема кривична одговорност

Темата не е завршена, темата почна. Темата додека нема одговорност нема да заврши. Јас нема да завршам додека нема одговорност, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во дуелот на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, говорејќи за трагичната несреќа во Тетово.

Мицкоски додаде дека нема само да има морална одговорност туку и поинаква.

„Не само морална, туку и поинаква одговорност и политичка и лична“, истакна Мицкоски на Заев.

Мицкоски посочи дека несреќата во Тетово се случи поради неспособноста на власта. Власта наместо да се грижи за здравјето на граѓаните посегнале по пари.

Локални избори 2021