среда, 12. август 2020. Вести денес: 180
home Вести

Мицкоски до Заев: Настапувате со стар слоган на ВМРО-ДПМНЕ од изборите 2009, заедно можеме повеќе

Мицкоски до Заев: Настапувате со стар слоган на ВМРО-ДПМНЕ од изборите 2009, заедно можеме повеќе

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашната дебата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на Македонската телевизија кажа дека СДСМ настапува со стар слоган на ВМРО-ДПМНЕ од изборите 2009 „Заедно можеме повеќе“.

-Ако некој ја украл рекламата и насловот на кампањата тоа е токму СДСМ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ уште во 2009 година на тие локални избори беше „Заедно можеме повеќе“ и ако некој ја украл тоа сте вие. Еве јас знам колкави средства одвојувате за кампања и потпретседател го стаивте човекот но и други кои што ги номинирате надвор од структурите и навистина жалам што сте ги потрошиле тие средства бидејќи овој наслов е веќе потрошен уште во 2009 година од страна на ВМРО ДПМНЕ, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека Зоран Заев и СДСМ се заглавени во минатотои дека не можат ништо да понудат во иднина.

-Вие не можете да нудите иднина господине Зоран Заев се уште сте заглавени во минатото и ви тежи господинот Груевски, три години потоа еве последните 30 тина месеци претседател на ВМРО -ДПМНЕ сум јас и разговарате со мене и може да зборувате сега за тоа како можете да бидете конструктивна опозиција после 15 јули за заеднички да ја предводиме Македонија да биде дел од Европската Унија, заклучи Мицкоски.

Коронавирус