вторник, 11. август 2020. Вести денес: 106
home Вести

Мицкоски до Заев: Мислевте дека ќе можете да извлечете профит за себе преку коронакризата, ама ве чека пораз, зашто народот е незадоволен

Мицкоски до Заев: Мислевте дека ќе можете да извлечете профит за себе преку коронакризата, ама ве чека пораз, зашто народот е незадоволен

На вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му посочи на Зоран Заев дека со тоа што знаел дека на изборите ќе му се случи пораз во април, мислејќи да профитира во кризата и дека народот ќе му даде поддршка ги втурнал граѓаните во апокалиптично сценарио.

-Вашата намера господине Заев не беше чесна и честита затоа што знаевте дека ќе ви се случи катастрофален пораз на изборите во април, а потоа мислејќи во услови на криза дека народот ќе ви даде поддршка, вие мислевте дека на тој бран ќе добиете избори, а го втурнавте народот во апокалиптично сценарио, критикуваше Мицкоски.

Мицкоски вели дека вакавта како што рече дифузна реторика од страна на господинот Заев ја портретира реалноста во Република Македонија.

-Кога зборуваме за бројки и за избори вие самите рековте дека тогаш бројките не дозволувале да има избори, но ако бројките не дозволувале да има избори на 20,30 инфицирани, а вие бевте најголем гласноговорник да има избори кога бројките беа 130,140, 150 инфицирани, му посочи Мицкоски на Заев.

Коронавирус